Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе првиот пораз на Европското првенство. Селекција на Полска на дело покажа зошто е светска класа, но и македонската публика покажа зошто е една од најдобрите во светот.
И денеска во СЦ „Борис Трајковски“ атмосферата беше чиста десетка, оние кои дојдоа едноставно уживаа во врвна одбојка и најважно постојано ги бодреа одбојкарите.