Вардар 1961 по невозможното во Мајнхам

155

Вардар 1961 денеска (16 часот) му гостува на Рајн Некар во реванш мечот за место во групната фаза во Европската лига.

Поранешниот освојувач на двојната круна во Лигата на шампион има негатива од девет гола. Првата средба во Скопје заврши со резултат 24-35. Колки да сакаме сите да бидеме оптимисти оваа негатива, во овој момент е недостижна за избраниците на Владо Недановски. Не само што играат на гостински терен, туку и покажаа низа слабости против германската машина, особено во второто полувреме во кое целосно паднаа.

Вардар 1961 од оваа сезона речиси целосно го измени ликот, промените во составот, отсуството на минатогодишните лидери го ставија во една поинаква позиција.

Што се однесува до домаќините и понатаму ќе останат без левото крило и талисманот Уве Генсхајмер, кој е повреден, но 19-годишното лево крило Дејвид Море имаше одлична партија за Ловен, со шест гола на првиот натпревар.

Голманот Микаел Апелгрен исто така беше одличен на голот со 17 одбрани, фрустрирајќи го нападот на Вардар.

Последниот пораз на Ловен од девет или повеќе гола во сите натпреварувања беше против Ерланген, 26:36, во декември 2021 година, пред речиси две години.

Кога станува збор за пресметките меѓу двата тима, последната на теренот на Рајн Некар завршила во корист на Вардар, кој во 2019 година славеше со 27-30 во меч од Лигата на шампиони.

ПретходноШаби: Како што кажав „шоуто“ не е скапо, денеска да бидеме уште побројни
СледноУште eден играч од Работнички се пресели во ТФТ