Вардар 1961 со пораз збогува со европската сцена

376

Вардар 1961 достојно се збогува со европската сцена. На реванш мечот против Рајн Некар за пласман во групната фаза во Европската лига, избраниците на Владо Недановски беа поразени со 37-33 (17-17).

Лазарески повторно блескаше, запиша седум гола, зад него со еден помалку беа Јагуриноски и Петриќ.

Македонскиот тим пружи силен отпор на реванш мечот против бундес-лигашот. Иако беше јасно дека Рајн Некар ќе оди во групната фаза во Европската лига, сепак „црвено-црните“ на гостински терен одиграа храбро и борбено, како да е прва средба.

Вардар 1961 во првото полувреме имаше водство од 5-7 и 6-8, по што противникот со серија од 4-2 дојде до прва поголема предност (10-8). Нешто подоцна беше и 15-11. Овој налет не ги демотивира момците на Владо Недановски, напротив се издигнаа и со серија од 2-6 на одморот изедначија на 17-17.

Веќе на стартот на првото полувреме, Вардар 1961 повторно поведе (17-18), но Рајн Некар постојано одржуваше минимална позитива од еден до два гола, која на стартот на 50 минута повторно беше плус три (30-27). Полека се „кршеше“ мечот, РНЛ притисна малку повеќе и без проблем го приведе и овој дуел во своја корист.

ПретходноЛиверпул лесно ja “среди“ Астон Вила, Кристал Палас го совлада Вулверхемптон!(ВИДЕО)
СледноКанада ја елиминира Шпанија, познати се сите четвртфинални двојки на СП!