Поранешниот играч на Пари Сен Жермен и Ливерпул, Џини Вајналдум му се приклучи на тимот на Стивен Џерард, Ал-Етифак во Саудиската Про лига.
Вајналдум (32) му се придружува на поранешниот соиграч од Ливерпул, Џордан Хендерсон, кој потпиша за клубот во јули. Засега не се знае висината на трансферот.
Холанѓанецот ја мина 2022/23 како позајмен во Рома, но заработи скршеница на ногата и го пропушти Светското првенство во Катар. Тој ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лигата во 2020 година, додека играше за Ливерпул меѓу 2016 и 2021 година.
Ал-Етифак моментално е петти во саудиската лига по пет одиграни натпревари.