Завршија сите осум меча од 4.коло во ВМФЛ. На дербито во Битола, каде играа Пелистер и Детонит резултатот на крајот беше 0:0. Значи по бод за двете екипи кои важат за аспирантни за највисок пласман.
Беса дома губеше од Саса со 0:1, но направи пресврт и дојде до победа од 2:1. Победничкиот гол беше во 87.минута. Со ова сега Беса има четири од четири и го задржа првото место на табелата. Исто така и Кожув е максимален со четири победи откако денеска успеа да слави на гости кај Арсими со 0:2.
Супер интересно беше во Охрид, каде при резултат 2:2 се играше 100.минута кога Вардар (Н) постигна гол за победа за конечни 2:3 и за голема радост.
Новаци го победи Тетекс со 0:2 среде Тетово, додека Беласица со 0:3 славеше во Куманово кај Башкими. Скопје го совлада Караорман со 2:1 а Победа дома го победи Осогово со 1:0.
По ова коло само Беса и Кожув се со максимални 12 бода во ВМФЛ.
РЕЗУЛТАТИ- 4.КОЛО
АРСИМИ –КОЖУВ 0:2
БАШКИМИ – БЕЛАСИЦА 0:3
БЕСА – САСА 2:1
СКОПЈЕ –КАРАОРМАН 2:1
ОХРИД – ВАРДАР (Н) 2:3
ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ 0:0
ПОБЕДА – ОСОГОВО 1:0
ТЕТЕКС – НОВАЦИ 0:2