ВМФЛ: Во дербито на колото Пелистер го дочекува Детонит, Беса пред лесни три, Победа против Осогово

387

 

Попладнево од 16 часот на програмата се сите осум натпревари од 4.коло во новата сезона во ВМФЛ. Секако дека дербито се игра во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ каде се среќаваат Пелистер и Детонит. Ова се две екипи од трите најголеми кандидати за највисок пласман, односно за првите две места на табелата кои водат директно во елитата. И Пелистер и Детонит имаа добар старт, по три победи во првите три кола.

May be an image of 9 people, people playing soccer and people playing football

Беса како трета екипа од аспирантите во битката за пласман во ПМФЛ дома ја дочекува Каменица Саса и реално не би требало да има никакви проблеми да дојде до нови три бода.May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text that says 'JAKO'

Ова важи и за Победа која попладнево под “Маркови Кули“ игра дома со Осогово, еден од оние тимови кои досега прикажаа најмалку.

Интересно ќе биде, па и неизвесно, на средбите меѓу Арсими и Кожув, како и меѓу Башкими и Беласица.

Охрид го дочекува Вардар (Н), Скопје игра против Караорман, додека Тетекс се среќава со Новаци.

 ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

ОХРИД – ВАРДАР (Н)

СКОПЈЕ – КАРАОРМАН

АРСИМИ –КОЖУВ

ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ

БЕСА – КАМЕНИЦА САСА

ТЕТЕКС – НОВАЦИ

БАШКИМИ – БЕЛАСИЦА

ПОБЕДА – ОСОГОВО

ТАБЕЛА

Беса 9, Пелистер 9, Кожув 9, Детонит 9, Башкими 9, Победа 4, Охрид 4, Арсими 3, Беласица 3, Караорман 3, Новаци 3, Тетекс 3, Скопје 1, Каменица Саса 1, Вардар (Н) 0, Осогово 0…

ПретходноУС Опен: Зверев и Медведев заверија 1/8 финале
СледноШаби: Како што кажав „шоуто“ не е скапо, денеска да бидеме уште побројни