Серхио Рамос цело лето е слободен играч и звучи неверојатно што се уште нема нов клуб. Сепак, Шпанецот наскоро би можел да потпише за Ал Итихад на две години, до 2025 година.
Ал Итихад го сакаше Луис Фелипе од Бетис, договорот пропадна и клубот од Саудиска Арабија сега се сврте кон слободниот Рамос.
Ал Итихад на Рамос му нуди 20 милиони евра по сезона, му треба играч од ваков калибар за да се бори за трофеи, бидејќи е актуелен шампион на Саудиска Арабија.
Рамос има понуда и од Галатасарај но во моментов е поблиску до Ал Итихад.
Неговата двегодишна епизода во Париз не одеше според планот, во првата сезона практично беше надвор од терените поради повреда, во втората се врати и беше солиден, но изгледа годините си го направија.
Дали навистина ќе замине во Саудиска Арабија останува да видиме.