Тимот на Барселона победнички се враќа од гостувањето кај Осасуна откако вечерва тирумфираше со конечни 1:2. Херој на гостите е Роберт Левандовски кој реализираше пенал во 86. минута и ги постави конечни 1:2.
Претходно, Кунде во првото полувреме погоди за водство од 0:1, а Авила израмни за домашните во 76. минута.
Во 84. минута Катена доби црвен картон по што гостите добија пенал, а Левандовски го реализираше.