Убедлива победа на Ливерпул на “Енфилд“ против Астон Вила со 3:0 попладнево во меч од 4.коло во Премиерлигата. Па така “редси“ сега имаат 10 бодови, само два помалку од максималниот Манчестер Сити.
Четата на Јирген Клоп многу рано, уште во 3.минута Собослаи го откри резултатот на овој меч. Веќе во 22.минута Кеш си даде автогол за удвојување на водството на домашните. Во 55.минута Салах стави точка на оваа убедлива победа од 3:0. Реално повеќе се очекуваше од тимот на Унаи Емери.
Во вториот меч од попладневниот термин во ова 4.коло, Кристал Палас со 3:2 успеа да го победи тимот на Вулверхемптон.