Литванија ги „суреди“ американските ѕвезди и закажа четвртфинале со Србија

526
+1

Репрезентацијата на Литванија ги совлада американските кошаркарски ѕвезди со 110:104 и го освои првото место во својата група Ј, па во четвртфиналето на Мундобаскетот ќе игра против селекцијата на Србија, второпласирана во групата И.

Литванците ги надиграа Американците, на полувреме водеа со дури 54:37, по третата имаа водство од 71:65 во финишот добро се држеа против силниот противник и триумфираа. Најефикасен кај Американците, воедно и на мечот беше Антони Едвардс, кошаркарот на Минесота со 25 поени. Кај Литванците најмногу поени постигнаа Кариниаускас 15 (Рапид Букурешт) и Кузминикас 14 (Пинар Каршијака).

Тоа значи дека на 5 септември во индонезискиот град Пасај, Литванија ќе игра со Србија за место во полуфинале на Мундобаскетот, а САД ќе вкрсти со Италија, која заврши првопласирана во групата И.

 

ПретходноУбава слика: Свети на стадионот во Битола!
СледноТотална доминација – Верстапен со рекордна 10-та победа по ред, триумф и на „Монца“