Искусниот македонски одбојкарски селектор, Јошко Миленковски секако со смирувачки тонови по поразот од Полска на Европското првенство во Скопје. Тоа е одбојкарски гигант со кого Македонија одигра фајтерски и на своето ниво, кое што моментов е далеку од она на полјаците.
„Можеби сме во осминафиналето, но во едно црно сценарио и Црна Гора може да ни ги замрси сметките. Играме добро, имамебие добра атмосфера. Тешките мечеви, клучните за нас ги добивме. Данска видовте и против Црна Гора дека одигра добро. Ние веруваме во своите квалитети. Полска е најдобрата на светот. Јас подобар тим не сум видел. Курек е мој играч од минатото, висок е 210 сантиметри. Како да се спрвиш со него. Не можеш. Тоа е играч кој е прогласен за најдобар на светот. Ова треба да го заборавиме секако. Но од друга страна имавме и добри моменти. На моменти имаме резултатски приклучок но, противникот е далеку поквалитетен. Нивниот сервис е друга димензија, падна и светскиот рекорд. Нашата сервис машина на тренинзите не може да ја постигне таа сила и брзина. Навивачите не треба да бидат разочарани, Полска е нешто сосема поинакво.
Имаме цел, првата беше да се пласираме во Бари во осминафиналето. Секако доколку не се случи чудо. Потоа нормално е да размислуваме за нешто повеќе. Сега, доколку одиме на Италија, светскиот првак, тука не би имале што да бараме. Кога би играле против Германија односно Србија, можеби би можеле да се надеваме на нешто“ – изјави нашиот селектор Јошко Миленковски.