Едноставно Премиерлигата може да се нарече и лига на Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Манчестер Сити против Фулам постигна хет-трик и со тоа урна уште еден рекорд во ПЛ.
Имено Норважанецот стана фудбалер на кого му биле потребни најмалку мечеви да дојде до 50 голови и асистенции. На Халанд му беа потребни само 39 мечеви, а во нив постигна 41 гол и 9 асистенции.
Тој го урна рекордот на Енди Кол на кого му беа потребни 43 мечеви да дојде до 50 Г + А.
Секако дека овие бројки ќе растат, посебно ако Халанд остане барем уште неколку сезони на „Етихад“.