Шампионот Селтик го доби првото големо шкотско дерби сезонава со победата од 1:0 над Глазгов Ренџерс на „Ајброкс“. Киого Фурихаши го постигна единствениот гол во судиското продолжение на првото полувреме.
Но пред Селтик да ја начне мрежата на големиот ривал, два гола за Ренџерс беа поништени. Едниот уште во првата минута кој го постигна Матондо поради офсајд. Многу поспорна беше ситуацијата со голот на Кемар Руф во 29 минута, кој беше поништен откако главниот судија Дон Робертсон по реакција на ВАР и гледање на снимка процени дека на почетокот на акцијата имало прекршок на Десерс над Лагербиелке.
Селтик е лидер со 10 бода (три победи и едно реми), а Ренџерс е на четвртото место со 6 бода (две победи и два порази).
Goal! | Kyogo Furuhashi | Rangers 0-1 Celtic #RANCEL #OldFirm
İptal olan iki Rangers golünden sonra Japon oyuncu attı. 🇯🇵pic.twitter.com/9PnhmMJj2F
— FootColic ⚽️ (@FootColic) September 3, 2023
Gran vitoria do Celtic.
Fck Rangers 🐷 pic.twitter.com/PjOlFdmWeg
— Guti_21✯🇵🇹🇵🇸 (@MateosxG1) September 3, 2023