Кога се игра меч од ПЛ секако дека тоа е спектакл, а посебно кога играат екипи како Арсенал и Манчестер Јунајтед, меч кој на крајот заврши со победа на домашните од 3:1 и тоа со победнички голови во 90+6.минута и 90+11. Минута. Спектакл на „Емирејтс“ во Лондон.Шанси, голови, поништени голови како оној на Гарначо во 88.минута од ВАР за победа на Јунајтед, а на крајот Деклан Рајс донесе победа со неговиот прв гол за Арсенал, а истата ја потврди Жезусво за 3:1.
Се почна со голот на Рашфорд во 27.минута за водство на гостите, но веднаш врати Одегард веќе следната минута за 1:1. И тој резултат важеше до 90+6.минута, кога порво Рајс а потоа во 90+11 Жезус погодија за 3:1.
На крај да кажеме дека Јунајтед играше во „црно – бела“ опрема, по малку чудно.