Репрезентацијата на Србија по поразот од Италија успеа да ја победи Доминиканската република и да се пласира во четвртфиналето на Мундобаскетот. „Орлите“ немаа проблем во ниту еден момент од овој меч и заслужено славеа убедлива победа од 112:79.
Карл Антони Таунс од Доминика беше најефикасен на мечот со 25 поени. Богдан Богдановиќ постигна 20 поени, а Вања Маринковиќ 16.
Србија ќе заврши втора во групата И зад Италија, а во четвртфиналето ќе оди на подобриот од мечот Литванија-САД.
Словенија го претрпе првиот пораз на СП. Германците беа подобри со 100:71. Словенија и онака имаше обезбедено четвртфинале, но на овој меч покажа добра игра само во првата четвртина која ја доби со 25:11. Натаму следуваше доминација на Германците и убедлива победа.
А противникот на Словенија во четвртфиналето ќе биде Летонија или Канада. Противникот ќе биде познат во среда после нивниот меѓусебен дуел.