Тотална доминација – Верстапен со рекордна 10-та победа по ред, триумф и на „Монца“

108

 

Летечкиот Холанѓанец Макс Верстапен со уште една победа во Формула 1 шампионатот, десетта по ред со што ја потврди својата доминација на шампионатот и доминацијата на неговиот тим Ред Бул Хонда. Со тоа Холанѓанецот постави нов рекорд во Ф1 со овие десет едноподруго победи (соборен е претходниот рекорд на Себастијан Фетел со девет едноподруго победи), а севкупно оваа сезона во шампионатот има 12 триумфи.

Второто место му припадна на Серхио Перез исто така од Ред Бул, а третото на Карлос Сајнц од Ферари, инаку најбрзиот во вчерашните квалификации. Четвртото и петтото место го пополнија Шарл Леклер од Ферари односно Џорџ Расел со Мерцедес.

Следната трка е на 17 септември, ГП на Сингапур на патеката „Марина Беј“.

ПретходноЛитванија ги „суреди“ американските ѕвезди и закажа четвртфинале со Србија
СледноЛиверпул лесно ja “среди“ Астон Вила, Кристал Палас го совлада Вулверхемптон!(ВИДЕО)