Халанд добива 60% поголема плата за Сити да се спаси од напади од С. Арабија!

493

Раководството на Манчестер Сити планира речиси двојно да ја удвои платата на својот најдобар фудбалер Ерлинг Халанд, за да остане во клубот и да ги одбие можните понуди од Саудиска Арабија.

Норвешкиот напаѓач со Кевин де Брујне се најплатени фудбалери на Сити.

Сепак, тоа наскоро би можело да се промени, бидејќи Сити планира да му понуди плата и до 600.000 фунти неделно доколку се согласи да го продолжи договорот по 2027 година, објавија денеска британските медиуми.

Раководството на англискиот и европски шампион сака да ги отстрани Реал Мадрид и саудиските клубови, кои би можеле да испратат понуди за Халанд.

Халанд на тој начин би можел да добие и до 60,5% зголемување на платата во однос на минатата сезона, во која постигна 52 гола во сите натпреварувања и беше најдобар стрелец на клубот.

ПретходноЛетонците прават чуда: Монструoзна победа над Бразил за четвртфинале!
СледноХуан Мата е нов играч на јапонски Висел Кобе