Офанзивниот играч за врска, Хуан Мата му се приклучи на јапонскиот Висел Кобе. Во јуни Мата го напушти Галатасарај и како слободен фудбалер можеше да бира каде да игра. Се поврзуваше со Саудиска Арабија, а одбра да игра во Јапонија.
Мата ќе го носи дресот со број 64 кој го носеше и во Галатасарај.
Висел, за кого пет години играше Андрес Иниеста, моментално е лидер во шампионатот, два поени пред второпласираниот Јокохама Маринос по 8 одиграни кола.
Welcome to Kobe !
🔥 @juanmata8 ! #visselkobe #ヴィッセル神戸 pic.twitter.com/Jz0HHzJ0si— ヴィッセル神戸 (@visselkobe) September 3, 2023