Ивановски постави национален рекорд и стана балкански шампион во полумаратон

126

Еден од најдобрите македонски атлетичари, Дарио Ивановски ја одбрани шампионската титула на Балканското првенство во полумаратон кое денес се одржа во рамките на „Трчај бе“ во Битола. Ивановски го истрча полумаратонот со време од 1:04.45 часа, што претставува нов државен рекорд во полумаратон во машка конкуренција.

Втор заврши Ахмет Алканоглу од Турција (1:04:25), а трет Романецот Стефан Иулис Гавлила (1:07:42).

Во женска конкуренција победи Луиза Гега од Албанија со време од 1:14:30 часа. Зад неа завршија Бугарките Маринела Нинева и Девора Аврамова.

 

 

ПретходноХуан Мата е нов играч на јапонски Висел Кобе
СледноИсториска 1-2 победа на „Априља“ на ГП Каталуња