Никој како Норвежанецот: “Монструмот“ Халанд урива рекорди!

630

Едноставно Премиерлигата може да се нарече и лига на Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Манчестер Сити против Фулам постигна хет-трик и со тоа урна уште еден рекорд во ПЛ.

Имено Норважанецот стана фудбалер на кого му биле потребни најмалку мечеви да дојде до 50 голови и асистенции. На Халанд му беа потребни само 39 мечеви, а во нив постигна 41 гол и 9 асистенции.

Тој го урна рекордот на Енди Кол на кого му беа потребни 43 мечеви да дојде до 50 Г + А.

Секако дека овие бројки ќе растат, посебно ако Халанд остане барем уште неколку сезони на „Етихад“.

ПретходноБетис со минимален триумф над Столе и Рајо!
СледноПостигна хет-трик, а потоа ги шокираше Англичаните со изјава за главниот судија