Постигна хет-трик, а потоа ги шокираше Англичаните со изјава за главниот судија

1263

„Граѓаните“ ја оправдаа улогата на фаворити и успеаја да дојдат до нови три бода во пресметката со Фулам, но гостите од Лондон дадоа одличен отпор во првото полувреме во кое се случи голема неправда.

Во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме, Аке постигна гол за 2:1, но сите беа сигурни дека судијата Мајкл Оливер ќе го поништи бидејќи фудбалерот беше во офсајд и му пречеше на голманот на Фулам, но тоа не се случи.

Изненадувачки по завршување на мечот, Ерлинг Халанд кој постигна хет-трик. Тој беше остар кон судиите.

„Мислам дека беше офсајд, се чувствувам лошо поради играчите на Фулам. И јас ќе бев бесен да ни се случеше истото, тоа е страшно чувство“, изјави Халанд, а потоа се осврна на Пеп Гвардиола, кој не беше на клупата вчера бидејќи се уште се опоравува од операцијата.

ПретходноНикој како Норвежанецот: “Монструмот“ Халанд урива рекорди!
СледноЗа слободните играчи не е крај: Нова „бомба“ – Серхио Рамос!