Уште две познати имиња продолжуваат на УС Опен, станува збор за Александер Зверев и Данил Медведев.
Зверев го елиминира Григор Димитров со 3:1 во сетови, 6:7, 7:6, 6:1, 6:1.
Бугарскиот тениски ветеран и пружи исклучителен отпор на младата ѕвезда на враќање кон врвот. Димитров остана без енергија, а тоа го искористи Зверев.
Негов ривал во четвртфиналето ќе биде Јаник Синер.
Данил Медведев го победи Аргентинецот Себастијан Баез со 6:2, 6:2, 7:6. Русинот целосно ја оправда улогата на фаворит во првите два сета. Баез возврати во третиот, добивајќи предност од 4:1, која не можеше да ја одржи.
Медведев направи пресврт, стигна до тај-брејк и во него триумфираше со 8:6.
Во четврт-финалето ќе се соочи со Австралиецот Алексис де Минер.