Тотенхем и Галатасарај се договориле за позајмица на фудбалерот Танги Ндомбеле во клубот од Истанбул, пренесува „Скај спортс“. Францускиот интернационалец вечерва ќе оди во Истанбул за да го потпише договорот со Галата во кој е вклучена и откупна клаузула.
Ндомбеле дојде во Тотенхем во 2019 година од Лион, меѓутоа по две сезони лондонскиот клуб го праќаше на позајмици, прво во Лион, а потоа во Наполи. Сега како непотребен го испрати во Галата.
Галатасарај сака уште еден фудбалер на Тотенхем во своите редови, а тоа е дефанзивецот Дејвисон Санчез. Преговорите се во тек за перманентен трансфер.