Невиден кикс на “кралевите“: Го платија 103 милиони евра а не му го знаат презимето! (ВИДЕО)

1365

Ете и тоа може да му се случи на еден Реал Мадрид, на најголемиот клуб во светот.

Имено вчера “кралевите“ играа на реновираниот “Сантијаго Бернабеу“, и успеаја да слават над Гетафе.

Но поважно е она што беше во соблекувалната. Од видеото во кое Џад Белингам дава изјава, убаво се гледа дека на неговото место во соблекувалната погрешно е напишано неговото презиме и тоа БЕЛИМГАМ место БЕЛИНГАМ.

Секако дека ова наиде на потсмев кај анти – Реал фановите, а секако дека одговорниот ќе си го “јаде“ од газда Флорентино Перез кој не дозволува вакви киксови.

ПретходноАлкараз лесно до четвртфиналето!
СледноШмајхел потпишува со белгиски гигант