Данскиот голман Каспер Шмајхел ќе ја продолжи кариерата во белгиски Андерлехт. 36-годишниот Шмајхел ќе потпише со „виолетовите“, како слободен играч, договор до крајот на актуелната 2023/24 сезона.
Поранешниот капитен на англиски Лестер остана без клуб на крајот на минатиот месец, кога беше ослободен од Ница.
Во меѓувреме медиумите во Белгија објавија дека Андерлехт е многу блиску и до ангажманот на играчот Торган Азар од Борусија Дортмунд. Двата клуба се во напредна фаза во преговорите, а на белгискиот интернационалец му е понуден договор на четири години. Трансферната сума да биде околу 5 милиони евра со бонуси.
Трансферниот прозорец во Белгија се затвора на 6 септември.