„Ало, имаше пенал или не?“ – Порто побара преигрување на меч поради судиски гаф

892

Португалскиот фудбалски гигант Порто поднесе жалба со барање за повторување на нивниот натпревар од 4. коло на португалската Примеира против Ароука.
ФК Порто поднесе жалба против судијата, барајќи поништување на резултатот од мечот со Ароука поради постапките на судијата, кој првично досуди пенал во корист на Порто. Судијата не можеше да воспостави комуникација со ВАР собата преку својот микрофон и слушалки, па одлучи да им се јави по телефон без да гледа видео од ситуацијата

„Постапките на судијата Мигел Ногуеира претставуваат прекршување на правилата на играта и правна грешка која потенцијално може сериозно да влијае на исходот на натпреварот“, се вели во соопштението на клубот на својата официјална веб-страница.

Нерешено 1:1 заврши натпреварот од 4. коло на португалската Примеира помеѓу Порто и Ароука. Домашниот напаѓач Еванилсон израмни во 90 + 19 минута.
По четири одиграни натпревари Порто е на второто место во поредокот со десет бодови. Ароука е седма со шест бода.

ПретходноПолувреме: Радески во стилот на Златан, Бесарт со уште два гола…Струга ТЛ го полни Тиквеш! (ВИДЕО)
СледноДе Лаурентис до Ал Хилал: Со 200 милиони можете да ја купите само едната нога на Осимен