Буфон: Спалети е вистинскиот човек за селектор!

177

Откако одигра 176 натпревари за Италија, откако се пензиониер, славниот Џиџи Буфон, еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот доби функција тим менаџер на селекцијата на својата земја.

Негова прва работа ќе биде дуелот со Македонија во Скопје кој се игра в сабота.

За тоа како го гледа изборот на Лучиано Спалети да биде наследник на Роберто Манчини, Буфон одговори:

Имам чувство дека Спалети е вистинскиот човек за селектор. Имав можност во изминатите денови со него и со неговиот стручен штаб да поразговарам околу емоциите и вредностите кои се неопходни да се дојде до целта“ посочи Буфон.

Инаку тој доаѓа на местото на Џанлука Вијали, кој почина како тим менаџер кога Роберто Манчини беше селектор:

Никогаш нема да бидам на неговото ниво. Само сакам да бидам она што отсекогаш сум бил, поради што луѓето ме почитуваа“.

За заминувањето на Манчини и тој напомена дека тоа било неочекувана одлука.

Добро е што Фудбалскиот сојуз на Италија брзо реагираше и го ангажираше Спалети.Тоа е важно за сите на кои репрезентацијата на Италија им е важна“ рече покрај другото новиот тим менаџер на репрезентацијата на Италија.

ФОТО: FIGC.IT

ПретходноМилевски кон Дијамантот: Елиф, ги знаеш ти Италијанците….! (ФОТО)
СледноДанска и зема сет на Холандија, Чешка без проблеми со Црногоците!