Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, во карактеристичен стил, одговори на понудата на Ал Хилал за напаѓачот Виктор Осимен. Арапите понудиле 200 милиони евра за Осимен, но првиот човек на Наполи се потсмеваше на понудата. Тој не планира да го продаде нигерискиот фудбалер.
„За 200 милиони евра, можете да купите само една нога на Осимен. Идната година, мислам дека треба да понудите 500 милиони евра. Тогаш можеби ќе ја разгледаме вашата понуда. И ќе повторам: МОЖЕБИ ќе ја разгледаме“, одговорил Де Лаурентис преку електронска пошта, пренесува „Л’Екип“.