Актуелниот македонски шампион, тимот на Струга Трим Лум ги заврши активностите во Европа летово. Не успеа д избори групна фаза во ниту едно од европските натпреварувања, иако беше блиску до тоа, па сега на Стружани не им преостанува ништо друго, освен да се сконцентрираат на ПМФЛ активностите.
Денеска токму на домашен терен Струга Трим Лум го игра заостанатиот дуел против тимот на Тиквеш од 16:00 часот.
„Токму така, сега е време да се сконцентрираме на домашниот шампионат и на она што се вели домашна задача. Убаво е да се игра во Европа, да се играат меѓународни мечеви но сепак, за да се стигне таму повторно мора да се одработи задачата во домашниот шампионат“ – изјави Ибраими.