Ивановски елиминиран на стартот на Челинџерот во Каси

62

Калин Ивановски го заврши настапот на челинџер 75 турнирот во францускиот град Каси. Тој во првото коло за ривал го имаше искусниот италијански тенисер Франциско Гаио (8.носител) и загуби со 2-1 во сетови, иако имаше водство по првиот сет (1-6 6-4 6-4). Мечот траеше нешто помалку од два часа.
Првиот сет го доби македонскиот тенисер и тоа на убедлив начин со 6:1 во гемови кога успеа да ги направи и двата брејка. По 2:1 во гемови, Ивановски напрви брејкови во четвртиот и во шестиот гем со што имаше убедливо водство. Во вториот сет Гаио направи брејк во шестиот гем и поведе со 4:2, а во следниот гем Ивановски испушти брејк топка. Сетот заврши со 6:4 за италијанскиот тенисер. Во решавачкиот сет Ивановски имаше предност и водство во сетот, но сепак по 4:4 брејк направи Гаио (Ивановски спаси една брејк топка) во деветиот гем и поведе со 5:4. Во следниот гем на сервис на противникот Ивановски не искористи две брејк топки, а Гаио потоа со два ас сервис го освои гемот, а со тоа и сетот и мечот.
Ивановски за следната недела е пријавен на фјучрс турнир во Португалија.

Претходно„Лавовите“ ќе го реновираат теренот за време на паузата
СледноСтојанче Стоилов ќе го води Вардар на стартот на сезоната!