Извини Борче не добиваш државна награда зошто не си политички подобен

2204

Тоа е реалноста за оваа наша тажна, сурова реалност наречена Република Македонија во 2023 година. Кога светот, особено спротскиот ита со огромни чекори напред, кој најголемите височини, рекорди, медали, титули, ние и кога ќе го освоиме најголемиот олимпискиот ќе го „оцрниме“ со нашата омилена тема, ПОЛИТИКАТА.

Со ваков наратив и огорчен од оде што се случувало изминатиот период, во јавноста со соопштение излезе тренерот на нашиот олимписки медалист во таекводно, Дејан Ѓорѓиевски, Борче Костовски кој што тврди дека годинава нема да ја добие државната награда „8 Септември“ поради политичка неподобност.

Соопштението на Костовски ви го пренесуваме во целост, а вие проценете сами до кое „дереџе“ е дојдена оваа наша држава.

Почитувани пријатели, спортисти, спортски работници, љубители на спортот …
Многу ретко се случува јавно да изнесам свој став, мојот принцип на работа е многу едноставен, се трудам да создавам дела и помалку да говорам.
Овој пат е премногу, овој пат се надминаа сите можни граници, пред неколку дена се случи најголемиот срам за спорот во независна Македонија.
Имено, оваа година тргнав да си го земам тоа што едноставно ми припаѓа, наградата за животно дело за постигнат спортски успех “8 ми Септември”. За тоа кој ќе ја добие оваа награда одлучува комисија во најтесна спрега со Агенцијата за млади и спорт. Комисијата е составена од луѓе кои значат нешто во Македонскиот спорт, од тој срамен ден, барем за мене нема да значат буквално ништо.
Најмалку имам против било кој конкурент за оваа награда, но да игнорираш олимписки сребрен медал е рамно на лудост поврзана со елементарно спортско незнаење. Тој историски медал е најголемиот спортски успех во независна Македонија, единствен сребрен медал од олимписки игри, ако сакате и единствен медал од олимписки игри кој е донесен од Македонец кој медалот под мое водство го ковал тука во Македонија, под суптандардни Македонски услови, вредни за документарен филм кој моментално се подготвува.
Сакам јавно да ги поздравам членовите на комисијата кои направија срам од кој никогаш нема да избегаат, неколку од вас лично ми се јавија веројатно од грижа на совест, но со тоа уште толку покажавте срам и немање образ. Покажавте дека вашите имиња и тоа што сте го оствариле во спортот веќе не вреди баш ништо.
Неколку членови на комисијата ми се јавија и сите на сличен начин прво ми се извинија а потоа ми се правдаа, ќе парафразирам како одприлика изгледаше тоа:
Борче извини, сите знаеме кој е најголем спортски успех за Македонија, сите знаеме дека изборот е јасен, но оваа комисија е формирана политички, тука политиката одлучува, не ние. Многу ни е жал. ( Лично не ги ни познавам, не сум ги запознал лично, но општо се добро познати )
Јас би рекол и треба да ви е жал, не само затоа што политички некој носи одлука да го “поништи” олимпискиот медал од Токио, туку највеќе треба да ви е жал што вие потпаднавте под политичко влијание кога пред вас имате кристално јасна одлука, за која одлучивте да ја промените и си оставите вечна црна дамка. Одлука со која ја поништувате целата ваша спортска кариера.
Чест за неколку исклучоци во комисијата кои одлучија со своја глава покрај политичкиот притосок.
Како тренер кој донел олимписки медал, сакам нешто да ви кажам. Запамтете, спортистот особено врвниот спортист не е само битие кое носи државни успеси, тој е човек со посебен дигнитет, авторитет и чест. Вие не сте ништо од ова, вие сте аморфна маса која некој по потреба ја контролира. Тоа сте.
За политичката одлука и оваа власт навистина немам што да додадам, едноставно е јасно, таа е трагедија од која Македонија доста тешко ќе се исправи, но ќе се исправи.
За Агенцијата за млади и спорт, за директорот и луѓето што ја водат, цела среќа што ќе ја водат уште многу малку, после медалот од Токио, АМС систематски работи против најдобриот македонски спортист, но за ова детално во следна прилика.
Оваа награда ми припаѓа, таа е веќе моја, најмалку е важно што таа носи, јас аплицирав само затоа што ми припаѓа, и тоа не само мене, туку на овој врвен олимписки спортски успех кој пред се припаѓа на Македонија. Отидовте диркетно против Македонија, против цел народ кој по освојување на медалот беше горд и радосен како ретко кога друг пат.
Веќе 18 години пожртвувано работам врвен олимписки спорт во стандарди кои се смешни за сите мои колеги низ светот, тоа го правам пред се од љубов кон Македонија, потоа љубов кон спортот а секако во име на Господ. Вакви и слични бедни местенки никогаш нема да ме демотивираат, многу напротив ми даваат мотив за да продолжам со вжештен метал да ковам уште олимписки медали, да продолжам да пишувам државна спортска историја“ – вели Костовски.

ПретходноАдеми денеска и официјално ќе се врати во Динамо Загреб
СледноРоналдо даде интересен одговор на прашањето дали сите титули во ЛШ би ги менувал за Светско првенство