Екипата на Македонија ЃП, односно стадионот во скопската населба Ѓорче Петров, одсекогаш го имал еден од најдобрите терени во нашиот фудбал. Во таа насока е и реновирањето на истиот кое ќе се случува за време на репрезентативната пауза која што следува и во која што ќе нема активности во ПМФЛ.
„Лавовите“ се пофалија со овој потег преку социјалните мрежи најавувајќи дека есента ќе ја дочекаат подготвени и дека на одлично уреден терен ќе се вратат уште посилни на прволигашкиот мегдан.