Лацио направи нешто што го немаше направено 86 години

260

Екипата на Лацио го совлада бранителот на „скудетото“ Наполи со 2:1 на „Диего Армандо Марадона“ стадионот во рамките на 3.коло на Серија А. Со тоа Лацио направи нешто што го немаше направено од далечната 1937 година!

Лацио втора сезона по ред го победува Наполи на „Армандо Марадона“ стадионот. Претходниот меч, одигран во март Лацио го доби со 0:1. Претходно тоа се случило пред 86 години.

Инаку Лацио ја забележа првата победа сезонава и ги освои првите поени. Наполи го впиша првиот пораз по стартните две победи.

 

ПретходноСтефан Ристовски со повреда на задната ложа!
СледноШампионот се враќа на домашните обврски, денеска во Струга гостува Тиквеш!