Манев: Украина и Англија се минато, верувам во добар резултат против Италија

172

За Македонија следуваат два квалификациски натпревари, против Италија и Малта. Прво играме со Италија дома (9 септември). Тежок меч на кој мораме да одиграме подобро и да се врати довербата кај навивачите по поразите од Украина, посебно оној дебакл од Англија. Младиот дефанзивец Јован Манев, фудбалер на Адана Демирспор, очекува многу подобар настап против Италија за разлика од претходните два.
Фудбалски е да се надеваш на позитивен резултат и сигурен сум секој од соиграчите ќе го даде максимумот и на крајот ќе извлечеме добар резултат. Мечевите со Украина и Англија се минато, останува да се фокусираме на Италија и со позитивни мисли да постигнеме позитивен резултат.“, вели Манев.

Колку младите фудбалери кои играат сериозни натпревари во Европа можат да му помогнат на националниот тим и на селекторот?

Веруваме во себе, ако не веруваме тогаш нема да сме овде па така чекор по чекор, се надевам дека ние ќе помогнеме и ќе донесеме добра атмосфера во репрезентацијата“.

Дали има страв од одмазда на Италија по оној пораз во Палермо во плеј-офот за пласман на СП?
Не верувам во одмазда“.

Наша предност…
Тоа што играме пред нашите навивачи, тогаш мотивацијата е голема и се надевам на добра игра“.

 

ПретходноСмешки – Барса смета дека судиите судат во корист на Реал, од Мадрид велат обратно
СледноНејмар: Јас и Меси поминавме низ вистински пекол во ПСЖ