Марио Илиевски: Подготвени сме за она што се нарекува квалификации за Европско првенство

247

Македонската репрезентација до 21. година вече втор ден се подготвува за стартот на квалификациите за претстојниот Европски шампионат. Авантурата ја стартуваме на гостински терен против селекцијата на Шведска на 8 септември на дуелот во Јонкопинг кој се игра од 18:00 часот, а три дена подоцна ни гостува Холандија во Скопје.

Нашиот капитен Марио Илиевски смета дека оваа генерација има капацитет и квалитет да се справи со предизвикот и да донесе уште еден голем успех што се однесува до младинскиот фудбал.

„Секако дека сум убеден во квалитетот и капацитетот на оваа генерација. И тоа како сум убеден дека имаме потенцијал да се надигруваме со сите и да освојуваме бодови кои би не однеле до евентуален успех во овие квалификации. Работиме добро, учиме, се подобруваме. Одигравме серија на подготвителни мечеви од кои извлековме поуки и кои што не научија каде грешиме. Атмосферата во тимот е одлична и сакаме со позитивен резултат да ги отвориме квалификациите. Шведска е анализирана, тоа е тим кој што има квалитети, но и мани кои планираме да ги искористиме“ – изјави капитенот на У21 репрезентацијата на Македонија, Марио Илиевски.

 

ПретходноЃоковиќ: Таа е мала манипулаторка, ме врти околу малиот прст
СледноМилевски прозива за Италија и Малта