Репрезентацијата на Македонија денеска точно во 13:00 часот одржа прозивка по повод претстојните квалификациски мечеви од септемврискиот термин против Италија на 9 септември 20:45 на Арената Тодор Проески во Скопје, и три дена подоцна против Малта во Ла Валета.
Селекторот Благоја Милевски денеска озмачува старт на подготовките први по откажувањето на капитенот Стефан Ристовски но и со многу мотиви и амбиции против сериозно кваитетниот противник.
Италија не помни од онаа шок елиминација во баражот за Мундијалот во Катар во Палермо, тука е стрелецот на тој историски гол за нас Александар Трајковски, кој со своето искуство секако дека може да е клучен за овие два меча.
Според информациите од нашиот табор засега се е во ред со репрезентативците не се очекува доцнење на ниту еден од нив, и секако полн капацитет на првиот тренинг кој е закажан за 18:30 денеска.