Рамос се врати дома: Поради мојот татко, дедо…и Антонио Пуерта! (ФОТО)

923

 

Иако имаше понуди од С. Арабија и Турција, и тоа за многу пари, Серхио Рамос, легендата на шпанскиот фудбал одлучи да се врати домаи по цели 18 години да игра за својата Севиља. Иако дел од фановите не сакаа ваков расплет, сепак ете и тоа се случи. Серхио ќе игра за Севиља а ќе ја заврши кариерата каде што и ја започна.May be an image of 1 person, beard, playing soccer, playing football and text that says 'CASTORE CAST IGA'

Стоперот со посебна порака, со одбрани зборови и се обратина јавноста откако веќе се договори со Севиља и објасни зошто се решил на ваков потег:

“Тоа го направив поради мојот татко, дедо и секако Антонио Пуерта (н.з.познато е дека во 2007 година Пуерта како фудбалер на Севиља почина на терен, инаку негов голем пријател).

Ова го направив и како долг кон самиот себе си. Се разбира како долг кон мојот дедо кој ме направи навивач на Севиља, како долг кон своето семејство, кон својот татко“ рече покрај другото Серхио Рамос.

 

ПретходноДоријан Бабунски: Со нова енергија по добар резултат против Италија
СледноОфицијално: Чихат Арслан го напушти Шкупи од семејни причини!