Роналдо даде интересен одговор на прашањето дали сите титули во ЛШ би ги менувал за Светско првенство

313

Кристијано Роналдо ужива во Саудиска Арабија каде во првите 11 натпревари оваа сезона за Ал-Наср постигна 12 гола. „Binance“, компанија која тргува со криптовалути, организираше необично интервју со португалската напаѓачка легенда за време на кое Роналдо беше поврзан со детектор за лаги.

Интервјуерот му постави низа прашања да или не, како на пример дали некогаш го впишува своето име во Google, а Роналдо искрено призна дека го прави тоа. Едно од поинтересните прашања што го доби е дали ќе ги замени петте титули во Лигата на шампионите за еден златен медал од светските првенства.

По малку размислување, Роналдо рече дека не би ги менувал. Во неговата голема кариера единствено што недостасува е титулата светски шампион. Освои се со клубови, а со Португалија титула европски првак во 2016 година, но на пет светски првенства секогаш потфрли.

Да потсетиме дека Роналдо освои една Лига на шампиони со Манчестер Јунајтед и четири со Реал Мадрид.

ПретходноИзвини Борче не добиваш државна награда зошто не си политички подобен
Следно„Лавовите“ ќе го реновираат теренот за време на паузата