Раководството на Реал Мадрид смета дека судиите во Ла Лига му помагаат на Реал Мадрид на стартот од сезоната. По четирите воведни кола во шпанската Ла Лига, Барселона се сомнева во интегритетот на судиските тимови, кои според неа се наклонети на Реал Мадрид. Ова го пренесува „АС“. Од друга страна Реал Мадрид посочи неколку ситуации во кои судиите суделе во корист на Барселона иако немало основа за такво нешто, а на штета на Реал.
Според изворот, раководството на каталонскиот клуб направило детална анализа на судиските одлуки кои, според нив, биле во корист на „кралевите“ и наштетиле на Барселона на стартот од новата сезона во шпанскиот шампионат.
Прв незадоволен беше главниот тренер на Барселона Чави, кој призна дека е загрижен поради одлуката на судиите се поретко да прибегнуваат кон помошта на ВАР системот.
Барселона, пак, истакна четири моменти во кои веруваа дека судиите досудија во корист на Реал Мадрид, од кои три го погодија каталонскиот клуб.
1 коло: Пенал за Атлетик недосуден од Хесус Гил Манзано против Реал Мадрид по момент во кој беше вклучен Едер Милитао – Пенал за Барселона недосуден од Цезар Сото Градо по прекршокот над Гави против Хетафе.
2 коло: Игра со рака во шеснаесетникот на Џуд Белингем при 1-1 против Алмерија – судијата Хозе Марија Санчез Мартинез не покажа пенал за противникот. Во исто време, два недосудени пенали во корист на Барселона на натпреварот против Кадиз под арбитража Алехандро Муниз Руиз.
3 коло: Поништен гол на Селта против Реал Мадрид поради прекршок на Аризабалага од Исидро Дијаз де Мера. Воедно, офсајд во моментот на голот на Александар Серлот на натпреварот помеѓу Виљареал и Барселона – натпреварот го судеше Алехандро Ернандез.
4 коло: Голот на Хоселу по офсајд кој не го досуди Марио Мелеро Лопез. Загриженоста на Барселона се надополнува со фактот дека ВАР системот ги прегледа секој од овие моменти, но сепак ги одобри постапките на главните судии на теренот.
Од друга страна Реал излезе со свои три ситуации во кои судиите суделе во корист на Барселона.
Од Реал сметаат дека е смешен пеналот досуден за Барса по наводниот прекршок врз Левандовски.
Потоа го посочија голот на Кунде на мечот кој е нерегуларен затоа што имало прекршок од страна на Французинот при воздушен дуел со противнички играч.
Во меѓувреме, од Мадрид веруваат дека заслужиле пенал во нивниот пораз од 2:1 од Хетафе во очигледен прекршок врз Белингем во шеснаесетникот. Судијата не досуди ништо во таа ситуација.
По четири кола, Реал води во Ла Лига со максимални 12 бодови, додека Барселона има 10 бодови на третата позиција.
📣 Real Madrid suspects La Liga referees of favoring Barcelona, and they have the evidence to back it up! Check out this blog post that unveils 3 examples where Madrid believes they were on the wrong end of questionable decision-making. Read more ➡️ https://t.co/c1R3eDm4Gs
— e360hubs football (@e360hub2) September 4, 2023