Стефан Ристовски со повреда на задната ложа!

199

Стефан Ристовски, македонскиот интернационалец во дресот на Динамо Загреб, вчера на мечот со Осијек мораше предвреме да го напушти теренот. Имено тој се пожали на повреда па побара замена во таа 41.минута. Што се однесувадо повредата станува збор за задната ложа, но колкава ќе биде паузата допрва ќе се види откако ќе следуваат деталните лекарски прегледи.

Медиумите во Хрватска велат дека ова е голем удар за Динамо ако се знае дека тој во изминатиот период беше еден од најдобрите во редовите на хрватскиот шампионат.

Инаку тој не е на списокот на нашата репрезентација за септемврискиот калификациски циклус откако пред две недели јавно се произнесе дека поради несогласување со селекторот Милевски тој се откажува од играњето за репрезентацијата.

ПретходноПо двете операции и извадениот бубрег се огласи и српската федерација
СледноЛацио направи нешто што го немаше направено 86 години