Ѓоковиќ преку хрватската сензација до четвртфинале на УС Опен!

974

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на УС Опен, откако славеше против хрватската сензација Борна Гојо со 6:2, 7:5, 6:4 во меч кој траше неполни два и пол часа.

За место во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се бори против Тејлор Фриц, кој беше подобар од Стрикер со 3-0.

Ѓоковиќ лесно го доби првиот сет откако направи два брејка. Хрватот добро го отвори вториот сер, поведе со 3:0, но српскиот шампион се врати со брејк во 11. гејм и потоа го затвори вториот сет. И покрај големиот напор, Ѓоковиќ победи со брејк во седмиот гејм од третиот сет.

ПретходноЛевандовски ја спаси Барса во Осасуна
СледноПо двете операции и извадениот бубрег се огласи и српската федерација