„Лавовите“ ќе го реновираат теренот за време на паузата

632

Екипата на Македонија ЃП, односно стадионот во скопската населба Ѓорче Петров, одсекогаш го имал еден од најдобрите терени во нашиот фудбал. Во таа насока е и реновирањето на истиот кое ќе се случува за време на репрезентативната пауза која што следува и во која што ќе нема активности во ПМФЛ.

„Лавовите“ се пофалија со овој потег преку социјалните мрежи најавувајќи дека есента ќе ја дочекаат подготвени и дека на одлично уреден терен ќе се вратат уште посилни на прволигашкиот мегдан.

ПретходноРоналдо даде интересен одговор на прашањето дали сите титули во ЛШ би ги менувал за Светско првенство
СледноИвановски елиминиран на стартот на Челинџерот во Каси