ПМФЛ: Шампионот со стил го “реши“ Тиквеш…

408

 

Во последниот меч од 6.коло во ПМФЛ, денеска во Струга, домашниот состав на Струга ТЛ успеа со 3:1 да го победи Тиквеш. Интересно ова за стружани беше само трет меч сезонава и втора победа, треба да одиграат уште три кои им беа одложени поради евро настапите.

Мечот почна со шанса на Радески, шуираше од лево, но за малку непрецизно. Во 14.минута Тиквеш преку Ивановски имаше супер шанса,но овој не ја зафати топката најдобро.

И тогаш Радески во стилот на Златан Ибрахимовиќ, со прекрасен шут преку себе во таа 16.минута стрелаше за 1:0. Три минути подоцна Ибраими имше голема шанса,но не успеа. Затоа во следната минута од пенал успеа да зголеми на 2:0. Во 32.минута со шут со глава ја носи Струга ТЛ на 3:0. Со ова Бесарт стигна до 189 гол во својата кариера во ПМФЛ. Претходно и Радески имаше одлична шанса, но за малку непрецизно биеше.

Во финишот на првиот дел Ибиши намалина 3:1, со овој резултат се замина на пауза. Во првиот дел Тиквеш остана со играч помалку откако Вареловски доби втор жолт.

Во второто полувреме, во таа 59.минутаи домашните останаа со играч помалку откако Малиќи доби втор жолт.

Во 63.минута судијата Бартон покажана белата точка за Струга ТЛ повторно откако Шабани беше фаулиран. Но сега Бесарт Ибраими не успеа да дојде до хет-трик, голманот на Тиквеш успеа фантастично да одбрани.

Се чини дека ако на голот на гостите не беше одличниот Столе Димовски поразот ќе беше уште поубедлив. Не само му фати пенал на Ибраими,туку успеа да одбрани уште неколку зицери на домашните.

Еве како изгледа табелата по 6.коло во ПМФЛ:

Шкендија (-1) 13, Брера Струмица 13, Силекс 9, Шкупи 9, Брегалница 9, Воска (-1) 7, Тиквеш 7, Работнички 7, Струга ТЛ (-3) 6, Македонија ЃП 5, Вардар (-1) 4, Гостивар 3…

Полувреме: Радески во стилот на Златан, Бесарт со уште два гола…Струга ТЛ го полни Тиквеш! (ВИДЕО)

ПретходноДе Лаурентис до Ал Хилал: Со 200 милиони можете да ја купите само едната нога на Осимен
СледноСмешки – Барса смета дека судиите судат во корист на Реал, од Мадрид велат обратно