По двете операции и извадениот бубрег се огласи и српската федерација

1809

Продолжува драмата на Бориша Симаниќ, по тешкиот удар што го доби во третиот натпревар на Светското првенство, мораше двапати да биде опериран. Прво беше објавено дека експлозивниот крилен центар заврши со ова натпреварување, а потоа се откри дека му бил изваден бубрегот.

Во јавноста се огласи и српската кошаркарска федерација.

„Српскиот репрезентативец Бориша Симаниќ, кој се наоѓа во болница во Манила поради повреда здобиена на натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство, вчера беше опериран. Откако Симаниќ беше опериран лекарите го следеле постоперативното закрепнување и донеле одлука дека поради компликации е неопходна нова операција“, се наведува во обраќањето до медиумите на КСС.

Докторот на српската репрезентација Драган Радовановиќ даде зошто е решено за втора операција која вклучува вадење на едниот бубрег.

„Поради појава на компликации на повредениот бубрег кои настанаа во постоперативниот тек, на 3 септември на Бориша Симаниќ му беше извршена уште една операција. Поради промени во виталноста на бубрежното ткиво, за време на операцијата мораше да се отстрани целиот бубрег. После ова очекувае постоперативниот тек да помине како што треба“, изјави Радовановиќ. 

ПретходноЃоковиќ преку хрватската сензација до четвртфинале на УС Опен!
СледноСтефан Ристовски со повреда на задната ложа!