Супер прво полувреме на шампионот против Тиквеш и водство од 3:1. Во последниот меч од 6.коло во ПМФЛ, Струга ТЛ го “делка“ гостинот од Кавадарци. Прво Радески,во 16.минута, во стилот на Златан Ибрахимовиќ постигна мајсторски гол за 1:0, за да потоа Ибраими прво во 20.минута пенал стрелаше за 2:0, а во 32.минута со шут со глава го зголеми водството на 3:0. Со ова тој стигна до 189 гол во ПМФЛ.
Во 39.минута Ибиши намалина 3:1, а веднаш потоа Тиквеш остана со играч помалку, откако втор жолт доби Вареловски. Да кажеме дека Ибраими и Радески имаа шанси за уште некој гол.