Македонската фудбалска репрезентација во моментов ја има прозивкатс по повод претстојните квалификациски дуели со Италија домашен терен односно Малта на гости.
Репрезентативците мора да се појават на зборното место, Хотелот Хилтон во Скопје во точно 13:00 часот, и во тие моменти шок. На вратата италијански дрес, италијанска фризура и нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
Провокација или моден детал, инспирација за претстојниот меч против „Азурите“ останува да видиме, но едно мора да признаеме. Столе сепак нам ни изгледа поубаво во дресот на Македонија.