Вардар 1961 и Пелистер првата пресметка пред стартот на сезоната ќе ја имаат на 6-ти септември во рамките на Супер-Купот на Македонија. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија на дуелот против бранителот на титулата на оваа средба ќе биде без својот прв тренер, Владо Недановски.
На крајот на сезоната Недановски и Манасков заработија суспензија, стратегот на „црвено-црните“ доби казна од четири меча. Па наместо него, улогата на предводник на вардарци ќе ја има Стојанче Стоилов.
Прв предизвик ќе биде токму Супер-Купот, а потоа следните три меча. И тоа повторно против битолскиот тим, како и на дуелите против Бутел Скопје и Пролет.