Ѓоковиќ: Таа е мала манипулаторка, ме врти околу малиот прст

4475

Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата по победата над Борно Гојо покрај спортскиот дел зборуваше и за своето семејство, поточно, за децата Тара и Стефан. Српскиот тенисер откри дека е многу почувствителен кога е во прашање неговата ќерка.

„Секого го сакам на посебен начин, тоа е неизмерна љубов, не може да се спореди со ништо. Почувствителна сум на неа, се топам кога ме гушка, а таа е мала манипулаторка, ме врти околу малиот прст. Стефан е различен, чувствувам дека мојата улога како татко е да го подготвам, да бидам одговорен човек, да се носи себеси и идното семејство. Што и да прави таа, јас скокам“, призна Ѓоковиќ.

Да потсетиме, Тара го прослави шестиот роденден пред осминафиналето на Новак против Борна Гојо, заедно со Новак и Јелена и нејзиниот брат Стефан.

Претходно„Бура“ во Јунајтед, Тен Хаг и Санчо во јавен конфликт: Бев жртвено јагне!
СледноМарио Илиевски: Подготвени сме за она што се нарекува квалификации за Европско првенство