Американците се налутија и ја „здробија“ Италија на Мундобаскетот

320

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави се пласира во полуфиналето на Мундобаскетот по убедливата победа над Италија со 100:63 во арената во Пасај. Поразот од Литванија не ги поремети американските кошаркари, кои денеска делуваа сигурно и прецизно.
По првото полувреме имаа предност од 46:14, по третата четвртина и уште повисока предност од 83:44!
Во последната делница Италијанците пружија нешто поцврст одпор, но недоволно за да се вратат од амбисот. Кај Американците, воедно и најефикасен на мечот беше Микал Бриџес, кошаркарот на Бруклин со 24 поени и 7 скокови. Кај Италијанците се истакна Фонтекио со 18 поени и пет скокови. Забележителен настап имаше и Халибартон од САД со 18 поени, 4 скока и 5 асистенции.
Во полуфиналето, на 8 септември Америка ќе игра со подобриот од мечот Германија-Летонија. Другиот полуфиналист Србија (ја елиминира Литванија) ќе игра со подобриот од мечот Канада-Словенија за пласман во финалето.

ПретходноМарко Алчевски: Нема да биде лесно против Шведска, но верувам во позитивен резултат
СледноПроблем за Македонија: Капитенот се повреди, нема да игра против Холандија