Богдан Богдановиќ влезе во историја на Светските првенства

844

Капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ беше лидер во триумфот на „орлите“ против Литванија од за пласман во полуфиналето на Светските првенства.

Богдановиќ мечот го заврши со 21 поен . Тој влезе во историјата на Мундијалите, го изедначи рекордот по постигнати поени во едно полувреме. Во првиот дел имаше 18 поени и две асистенции.

И не само ова тој со првата тројка на овој меч исто така се запиша меѓу најдобрите. На секој натпревар кој го има одиграно на СП (23 до сега) погодувал тројка. Со ова го изедначи рекордот на Кирк Пени од Нов Зелнад, кој го држеше во последните 30 години.

Капитенот на Србија исто така го престигна на листата на стрелци Дражен Петровиќ, кој беше ма 17. позиција.

Србија на патот кон финалето ќе го има подобриот од мечот меѓу Канада и Словенија.

ПретходноМомците на Пешиќ „мелеа“: Србија ја „прегази“ Литванија за полуфинале на Мундобаскетот
СледноЕксклузивно: Јован Манев за „милион“ оди во Осијек!